ПРЕД ПИРАМИДИТЕ ПОЗИРАШЕ ВО КОСТУМ ОД ГАНГСТЕР-ЕРАТА – МОДНИТЕ ГРЕШКИ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ВО АФРИКА

Каиро, (Гардијан)

„Посакувам луѓето да се фокусираат на тоа што го правам, а не што носам“, изјави Меланија Трамп на последниот ден од нејзиното соло патување во Африка.

Минатата недела, таа помина четири дена во Гана, Малави, Кенија и Египет, а нејзиниот стил, како и секогаш, предизвика бројни реакции.

Белиот шлем се смета за симбол на колонијално угнетување (Фото: Гети)

„Ако го изјавеше тоа некоја друга личност, ќе сочувствувавме со неа. Голем дел од облеката на Меланија го привлекува вниманието“, велат модните критичари.

„Ќе почнам со нејзиното поаѓање од Мериленд, облечена во стилот ‘тргнав за Африка’. Таа пристигна со високи потпетици со леопардски принт, кожно здолниште и со палто од велур. Зошто ѝ беа потребни овие клишеа?“, пишува новинарката Клара Глоучевска.

Таа како пример за грешка го зема и белиот шлем, кој го носеле европските колонијални армии во Африка и Азија на крајот на 19. век и кој се смета за симбол на колонијално угнетување.

Трамп во Африка пристигна со високи потпетици со леопардски принт (Фото: Гети)

Во Гиза, Трамп позираше пред Големата пирамида облечена во стилот на 30-ите години, од гангстер-ерата на Чикаго.

Трамп на аеродромот во Наироби (Фото: Гети)

„Навистина, нема ништо погрешно во изгледот. Скромен е, како што се бара во муслиманскиот свет, не е вулгарен или навредлив. Но, едноставно, беше чудно. Не е само облеката, туку костумот. Секој костум привлекува внимание и испраќа порака“, вели Глоучевска.

На аеродромот во Наироби, Трамп пристигна во бел фустан со дизајн на тропски птици, а во истиот стил и си замина, во зелен фустан со светлокафеави силуети на носорози, зебри и фламинга.