Автопортрет нацртан од Курт Кобејн во 1992 се продаде на аукција за 281.000 долари.
Фронтменот на „Нирвана“ на карикатурата е прикажан како свири гитара, придружено со зборовите „Не знам да свирам и баш ми е гајле“.
Цртежот е насликан за време на гостувањето на „Нирвана“ во Сингапур, на промоцијата на албумот „Nevermind“ и првично бил подарок за фотографот Жак Чонг, кој го дружел Кобејн во тој период.
Делото се продаде преку аукциската куќа „Џулиенс“, а првичната цена беше 10.000 долари.