Прстен со 12.638 дијаманти влезе во Гинисова книга на рекорди.
Со дизајн што потсетува на расцветан цвет, негов автор е Индиецот Харшит Бансал, основачот на компанијата „Ренани џуелс“.
Прстенот наречен „Мариголд“ или „Прстен на просперитет“ содржи илјадници природни дијаманти од 38 карати и неговата тежина изнесува околу 165 грама. Бансал вели дека нема намера да го продава прстенот во блиска иднина.
„За нас, тој е прашање на гордост. Тој нема цена“, изјави Бансал.
Претходниот рекорд го држеше прстен со 7.801 дијамант, изработен од индиската компанија „Халмарк џуелерс“.