ПУДРАТА НА МЕРКЕЛ ВО УМЕТНИЧКА ИНСТАЛАЦИЈА

Париз, (ДПА)

Германскиот уметник Симон Фуџивара направи уметничка инсталација со камената пудра која ја нанесува германската канцеларка Ангела Меркел пред да се појави во јавност. Инсталацијата насловена „Среќен музеј“ е дел од изложбата „Револуција“ во Фондацијата за уметност во близина на центарот „Помпиду“ во Париз.

Шминката на Меркел, која во делото е претставена како фасада и илузија, е специјална формула, што нејзиниот шминкер му ја открил на Фуџивара, велат од Фондацијата.

„Делото поставува прашања за вредностите и спротивностите во денешното општество, во кое секојдневниот живот тешко може да се замисли без ставање на самиот себе на пиедестал и во центарот на вниманието“, вели 36-годишниот уметник роден во Лондон.