СЕ ПРОДАВААТ ЧЕВЛИТЕ НА МАЈКЛ ЏЕКСОН СО КОИ ПРВПАТ ГО ИЗВЕЛ „МЕСЕЧЕВИОТ ОД“

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Црните мокасини, што Мајкл Џексон ги носел кога првпат го извел славниот „месечев од“, на 26 мај ќе бидат ставени на аукција.

Џексон ги носел кожните чевли, изработени од „Флоршајм империјал“, на пробата на неговата изведба на  „Били Џин“ за специјална ТВ-емисија во 1983 година. Според аукциската куќа „ГВС“, на таа проба, кралот на поп-музиката за првпат на сцената го извел неговиот лизгачки танц наназад. Тие се понудени по цена од 10.000 долари.

„Овие чевли се во добра состојба, со очигледни знаци на употреба во делот кај стапалата”, се вели во описот во каталогот.

Чевлите се во сопственост на танчарот и кореограф Лестер Вилсон, кој рекол дека Џексон му ги дал чевлите во соблекувалната по пробата со неговите браќа, соопшти аукциската куќа.

Можно е чевлите да биле носени и во емисијата, бидејќи според доказот за автентичност, Џексон ги нарекувал „магични чевли“, а никогаш потоа не се појавија чевлите со коишто настапил, објави „ГВС“.

Кралот на попот почина од срцев удар во 2009 година на 50-годишна возраст, во неговиот дом во близина на Лос Анџелес.