Модниот бренд „Шанел“ одржа ревија во Операта во Париз и доби голем аплауз од главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, и други познати личности.
Малку модни куќи можат да ја наполнат Операта без да имаат главен дизајнер. Тоа е доказ за трајната моќ на „Шанел’“ и неговото светски познато ателје по ненадејното заминување на Виржини Вијар.

Вијар, која го замени Карл Лагерфелд во „Шанел“ по неговата смрт во 2019, го напушти францускиот луксузен бренд на 5 јуни, оставајќи го слободно едно од најпрестижните работни места во модниот свет. Таа беше третиот уметнички директор во 114-годишната историја на брендот, по Лагерфелд и неговиот основач Коко Шанел.

Ревијата на „Шанел“ модните критичари ја нарекоа театрална. На сцената имаше силуети кои потсетуваат на операта со драматични наметки, надуени ракави и богато извезени парчиња.