Режисерот Спајк Ли му оддаде почит на кошаркарот Коби Брајант со својата облека на Оскарите ноќеска. Оскаровецот носеше виолетов костум втора година по ред, но овој пат, на реверите беа извезени бројките 2 и 4.

Кошаркарската легенда, која загина во хеликоптерска несреќа минатиот месец, носеше дрес со број 24 додека играше за Лос Анџелес Лејкерс.

Освен што важи за голем фан на НБА, Ли сними и документарец за Брајант во 2009 година. Брајант пред две години освои Оскар за најдобар краток анимиран филм.