Британската актерка Ема Томпсон на свеченост во Бакингамската палата ја доби титулата дама, која ја доделува кралицата Елизабета Втора.
Педесет и деветгодишната Томпсон изгледаше опуштена на високата свеченост и се шегуваше со принцот Вилијам, кој ѝ го врачи орденот.
Од Бакингамската палата претходно соопштија дека Томпсон, единствената жена која има добиено Оскар за најдобра актерка и за сценарио, е една од најславните британски актерки, со најразлични актерски креации зад себе.
Во едно интервју пред неколку месеци, оскаровката се пошегува дека го прима ова признание бидејќи сакала нов накит.