УКРАДЕНА САТЕЛИТСКА АНТЕНА СО ВОЛК НАСЛИКАН ОД БАНКСИ, ДЕН ОТКАКО БЕШЕ ПОСТАВЕНА

Лондон, (Би-Би-Си)

Украдено е дело на Банкси кое само што беше поставено во јужен Лондон, соопшти Лондонската полиција.
Мистериозниот графити уметник за три дена објави дека насликал три графити со животни, а на 8 август го објави четвртото дело, т. е. дека сателитска антена насликал волк како вие. Делото било поставено во областа Пекам, јужен Лондон.

Неговите портпароли за „Би-Би-Си“ изјавија дека веруваат оти делото е украдено, а Полицијата изјави дека има пријава за украдена сателитска чинија со уметничко дело, но и дека никој не е приведен, како и дека истрагата продолжува.

Случаен минувач затекнал двајца мажи како ја демонтираат сателитската антена и ја симнуваат.

„Имаа скала. Имаше еден човек на покривот, а другите двајца ја држеа скалата. Ме видоа како снимам и ми стана непријатно. Едниот ме удри со нога, а друг се обиде да ми го фрли телефонот на покривот. За среќа телефонот удри во дрво и падна долу. Веднаш му кажав за тоа на еден полицаец во околината. Голема штета е што не можеме да имаме убави работи и штета што не можеше да трае повеќе од еден час“, изјави Том Келоу.

Фото: ПА