„ЖОЛТИТЕ ЕЛЕЦИ“ ПРОТЕСТИРАА И ВО ВЕВЧАНИ – ФОТОГАЛЕРИЈА

Вевчани, (СМАРТ СДК.МК)
Participants wear masks and costumes on the first day of a carnival celebration marking the Orthodox St. Vasilij Day in the village of Vevcani, Republic of North Macedonia, 13 January 2020. The Vevcani Carnival is one of the most famous village festivals in the Balkans. It is believed that the custom is over 1,400 years old and based on old pagan beliefs. Essentially the carnival is the ritual of calling after Saint Basil the Great, which coincides with the Twelve Days of the Orthodox Christmas and the Orthodox New Year. The festivity is held on 13 and 14 January every year. People in Vevcanci believe that with their masks they banish evil spirits from their lives. The participants of the carnival are known as Vasilicari. The highlights of the carnival include a political satire where masked villagers act out current events. In 1993, the carnival and the village of Vevcani officially became a part of the World Federation of Carnival Cities EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Француските „жолти елеци“, војниците и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беа едни од поатрактивните маски на годинашниот Вевчански карневал, кој традиционално се одржува во чест на  празникот Василица.

Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се верува дека е стар 1.400 години. Во 1993, официјално стана дел од Светската федерација на карневалски градови.

„Апелирав маскарите да се воздржат од ликови и креации со кои би навредиле нечии чувства од верска, национална, или етничка природа“, изјави претходно градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Карневалот завршува утре со традиционалното палење на маските.

Фото: Ѓ. Личовски