30 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ СМС – НА ВРВОТ НА ПОПУЛАРНОСТА СЕ ИСПРАЌАЛЕ 200.000 ПОРАКИ СЕКОЈА СЕКУНДА

Париз, (АФП)
Maximillien Aguttes, Aguttes auction house's development manager, presents a screen showing a phone with the first ever SMS in the world, a day before it is auctionned as an NFT on December 20, 2021 at the Aguttes auction house in Neuilly-sur-Seine west of Paris. - The world’s first SMS, whose message was "Merry Christmas", was received via the Vodafone network by the director of the telecommunications operator Vodafone, on December 3, 1992. (Photo by ALAIN JOCARD / AFP)

И покрај широката употреба на платформи како Месинџер, Вотсап и Телеграм, комуницирањето преку СМС-пораки не исчезна од нашите телефони и по три децении, иако значително е намалено.

На денешен ден во 1992, програмерот од „Водафон“ Нил Папворт го испратил првиот СМС на светот. Пораката до неговиот колега Ричард Џарвис гласела „Среќен Божиќ“. Тоа беше почетокот на новата револуција во комуницирањето.

„Тоа е технологија од европско потекло“, изјави Марк-Антоан Дипуи, синот на францускиот инженер Филип Дипуи, еден од пронаоѓачите на дигиталниот систем ГСМ, кој го овозможи подемот на СМС кон крајот на 1990-ите.

Ограничени на 160 знаци, СМС-пораките денес се разменуваат во неограничен број, збогатени со фотографии, видеопораки и други мултимедијални содржини.

Врвот на популарноста на СМС-пораките беше во почетокот на 2010-ите, кога секоја секунда се испраќале 200.000 пораки низ светот, а потоа нивното користење бележи пад. Главната причина за тоа е подемот на социјалните мрежи, за кои не треба роаминг и ги привлекуваат младите со своите иновации.

(Фото: АФП)