Вечерва во 20 часот, во салонот „Империјал 1“ во Културно информативниот центар во Скопје ќе се отвори изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ). Учествуваат 40 уметници со 55 дела во техниките сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти и нови медиуми.
„Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на ‘малиот квадрат’ со површина 25 на 25 сантиметри претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност“, велат од ДЛУМ.
Вечерва ќе се додели и една награда за мал формат.