АДЕМИ СТАНА ПРВИОТ АКТИВЕН ИГРАЧ НА ДИНАМО КОЈ ДОБИ МУРАЛ ВО ЗАГРЕБ

Загреб, (Индекс)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми стана првиот активен фудбалер на Динамо кој добил мурал во Загреб. Тој денеска го посети муралот што му го посветија навивачите и го потпиша со спреј.

„Сакам од срце да им се заблагодарам на сите. Ова е голема чест за секој фудбалер. Пресреќен сум и горд со муралот што ми го посветија навивачите“, изјави Адеми.

Адеми, кој е роден во Шибеник, е најтрофејниот играч во историјата на Динамо, за кој настапува од 2010. Тој е клупски рекордер според бројот на настапите во еврокуповите и седми на листата на стрелците.