АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ ОБЈАВЕН ВО СВЕТСКА ХАИКУ АНТОЛОГИЈА СО 460 АВТОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот писател Александар Прокопиев е објавен во антологијата на светската хаику поезија насловена „Длабока светлина“, соопшти издавачката куќа „Магор“. Во антологијата во која се застапени 460 автори од 77 држави, сите хаику песни се преведени на српски и англиски јазик. Приредувач на антологијата е Дејан Богоевиќ, а издавач е „Пресинг“ од Србија.

Прокопиев е застапен со следните хаику песни:

Пет ноќи празен
домот остарел
за цела година.

*
Солза на дланка.
„Чувај се од вода, синко“ –
му вели гатачката.