АМСТЕРДАМ САДИ МИНИГРАДИНИ ОКОЛУ КОНТЕЈНЕРИТЕ

Амстердам, (Гардијан)

Амстердам сади миниградини околу контејнерите, што треба да ги обесхрабри жителите да не загадуваат околу нив.

Експериментот ќе се спроведе на 17 локации низ градот во наредните три месеци. Еден претходен сличен експеримент, во кој вештачка трева беше поставена како основа за 150 контејнери, се покажал делумно успешен, откако за половина се намалило фрлањето отпад наоколу.

Се надеваме дека присуството на зеленило и цвеќиња ќе влијае како морален апел на несовесните граѓани и ќе го подобри изгледот на улиците на Амстердам. Веќе ни е преку глава да чистиме зад нив“, изјави градскиот советник Рик Фермин.

Во градот се појави проблем со отпадот на улица за време на кризата со коронавирусот, кога се зголеми нарачувањето на намирници преку интернет, а на жителите им било страв да ги допираат контејнерите.