АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НАПРАВИ ВИРТУЕЛНА ТУРА НИЗ НЕОЛИТСКОТО СЕЛО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Археолошкиот музеј објави виртуелна тура низ Неолитското село – музеј на отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој е сѐ уште затворен за посети.

Во Неолитското село се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневието е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек, кој живеел на територијата на Македонија и пошироко пред 8.000 години.

Техничката реализација и подготовка ги направија Дончо Наумовски и м-р Елена Стојанова Канзурова.