АСТРОНОМИТЕ ЈА ОТКРИЈА НАЈГОЛЕМАТА КОСМИЧКА ЕКСПЛОЗИЈА ДОСЕГА, КОЈА ТРАЕ ВЕЌЕ ТРИ ГОДИНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Астрономите велат дека ја откриле најголемата космичка експлозија досега забележана. Таа била десет пати посветла од секоја досега регистрирана експлозија на ѕвезда, што е познато како супернова.

Досега траела повеќе од три години, многу подолго од повеќето супернови, кои вообичаено се јасно видливи само неколку месеци.

Блесок на небото првпат бил забележан и снимен во 2020 и астрономите подоцна го нарекоа настанот AT2021lwx. Минатата година, тим предводен од Филип Вајзмен од Универзитетот во Саутемптон ја анализирал светлината од настанот, што овозможило да се пресмета неговата оддалеченост – осум милијарди светлосни години.

„Бевме зачудени што би можело да предизвика нешто толку сјајно. Во научната литература не е забележано ништо толку сјајно што траело толку долго. Повеќето супернови траат само неколку месеци пред да исчезнат“, вели Вајзмен.

Негова теорија е дека експлозијата се создала кога огромен облак на гас, можеби илјадници пати поголем од нашето Сонце, бил голтнат од супермасивна црна дупка.

„Се верува дека секоја галаксија има огромна црна дупка во своето срце. Вакви моќни експлозии би можеле да играат важна улога во обликувањето на центарот на галаксиите“, смета Вајзмен.

(Фото: уметничка илустрација на НАСА)