БАЈДЕН СЕ РАСПЛАКА НА КОНЦЕРТОТ НА ЕЛТОН ЏОН ПРЕД БЕЛАТА КУЌА

Вашингтон, (АП)

Елтон Џон одржа концерт на тревникот на Белата куќа во рамките на својата долга проштална турнеја, а во публиката беа и американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден.

Легендарниот британски музичар го посвети концертот на „секојдневните херои“, па меѓу 2.000 присутни имаше учители, медицински сестри и активисти. Бајден го изненади Џон кога му го додели Националниот медал за хуманост.

Не знам што да кажам. Никогаш не сум бил добар во примањето комплименти, но беше прекрасно да се биде меѓу сите овие луѓе, кои се вистински херои“, кажа 75-годишниот Џон.

Тој додаде дека настапил во бројни големи и прекрасни сали, но сцената пред Белата куќа ја опиша како шлаг на тортата.

Бајден во еден момент се расплака слушајќи ја музиката на Џон.

„Јас и Џил сме големи фанови на Елтон Џон. Може да се каже дека неговата музика ги промени нашите животи“, кажа Бајден.

(Фото: АП)