Шпанските медиуми заклучија дека Барселона дала оставка од фудбалската елита откако нејзиниот драматичен пад кулминираше со генерациски настан – испаѓањето од Лигата на шампионите уште пред Божиќ. Тоа беше потврдено со синоќешниот пораз од Баерн од 3:0, на мечот пред празни трибини во Минхен кој немаше резултатско значење за Баварците, па Барселона сега ќе игра во второрангираната Лига Европа.
Последен пат кога Барселона не успеа да ја помине групната фаза на Лигата на шампионите беше во сезоната 2003/04,
„Барселона поднесе оставка од фудбалската елита, откако без борба падна против Баерн, кој, од друга страна, играше во трета брзина и иако немаше намера да го понижи противникот, сепак славеше со 3:0“, коментира весникот „Ас“.
„Марка“ напиша дека Барселона се посрамоти со тоа што ќе игра во Лига Европа.
Промената на тренерот не ја подобри ситуацијата во Барселона, која е седма во домашното првенство, со 16 бода помалку од лидерот Реал Мадрид. Вчерашниот пораз ѝ беше седми во сите натпреварувања оваа сезона.