Книга со белешки од Алберт Ајнштајн, кои даваат редок увид во размислувањата на легендарниот физичар кои го довеле до неговата теорија на релативноста, се продаде на аукција за 11.7 милиони евра. Аукциската куќа „Кристис“ претходно ги процени белешките на 2-3 милиони евра.
Книгата со 54 страници, од кои половина се со ракописот на Ајнштајн, е еден од двата познати документа во кои научникот пишувал за својата славна теорија, која ги постави основите на модерната космологија и технологија, како ГПС навигација.
Белешките ги чувал швајцарскиот физичар Мишел Бесо, со кого заедно ги пишувале во 1913 и 1914 година.
„Она што книгата ја прави ретка е што досега немавме работни документи од Ајнштајн кои датираат од пред 1919. Ајнштајн е човек кој чувал многу малку белешки, па фактот дека оваа книга преживеала е од исклучително значење за нас“, вели Винсент Белој, експерт во „Кристис“.