Уметниците Наташа Неделкова и Дарко Алексовски од Македонија и Дритон Селмани од Косово ја поделија наградата „Најуспешен автор и дело“ на 13. Меѓународно биенале на млади уметници „Страст за лутање“, во организација на Музејот на современа уметност (МСУ).
За добитниците одлучи жирито во состав Ива Димовски (историчарка на уметноста), Велимир Жерновски (ликовен уметник) и Јане Чаловски (ликовен уметник).
Неделкова е наградена за видеото „Ткива на идентитет“, Алексовски за делото „Никогаш незаљубен“, просторна и видео инсталација, а Селмани за скулптурата „Не но не (или обратно)“. Тие ќе имаат можност да направат самостојна изложба во МСУ во 2022.