БИТОЛСКАТА „НО(Е)ВА МАКЕДОНИЈА“ ВЕЧЕРВА НА МОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Народниот театар од Битола е вечерва на Млад отворен театар со претставата „Но(е)ва Македонија“ , во режија на Кокан Младеновиќ, која ќе се изведе во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ).

Претставата, работена според текст на Младеновиќ, драматургот Билјана Крајчевска и на актерите, е ангажирана општествена сатира, за која тие велат дека „има за цел да ги истражи механизмите на политичката грандоманија, манипулацијата, злоупотребата на историските документи и фалсификувањето на историските факти, што се во интерес на една одредена група луѓе, која во одреден историски момент се прогласува себеси не само за спасител, туку и за основач на целокупната нација и на нејзината традиција“.

Во 21 часот, во Денсинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ) е соло проектот на Словенецот Марко Булц, „Прва алтруистична претстава“, а во 22 часот во Кино Култура е перформансот на Петар Милошевски, „Пасија по Биби“.