БОЈА, ЧЕТКА И ПАТЕНТ – ИЗЛОЖБА НА МАРИЈА КОНЕСКА ВО САРАЕВО

Сараево, (Ослобоѓење)

Самостојната изложба на македонската уметница Марија Конеска, наречена „Да се истрае!“, беше отворена во Историскиот музеј во Сараево.

Според директорот на меѓународниот фестивал „Сараевска зима“, Ибрахим Спахиќ, изложбата зборува за денешниот човек и за потешкотиите со коишто се соочува.

„Како што може да се види, Конеска ги пресече фантастичните слики со патент. Ова покажува како се одразуваме ние во денешната светска реалност. Луѓето понекогаш имаат потреба да си ја затворат устата со патент и ништо да не зборуваат, да го стават преку очите за да не видат ништо или на ушите за да не чујат ништо. Тоа е еден стереотип со кој живееме“, изјави Спахиќ.

На отворањето присуствуваа и ученички од сараевски училишта, кои се согласија дека изложбата ја опишува тешката реалност на денешните млади луѓе.

„Патентите на сликите укажуваат на тоа дека не постои слобода на говор или на мислење поради некој авторитет“, велат тие.

Изложбата ќе биде отворена до 16 февруари.