БРАНКИЦА ЈОВАНОВСКА СО ИЗЛОЖБА НА МРАЧНИ КОЛАЖИ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
????????????????????????????????????

Визуелната уметница Бранкица Јовановска се претставува пред велешката јавност со нејзината изложба „Соочување“. Таа беше отворена вчеравечер во Ликовниот салон, при што авторката се претставува со 21 колаж.

„Темата на делата е можеби малку мрачна. Ги претставува демоните кои ги имаме во глава и со кои се соочуваме поради одредени трауми и случки што сме ги преживеале или ни оставиле лош впечаток“, кажа Јовановска, која работи и како костимографка, сценографка и културна активистка.

Таа завршила Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика. Беше еден од основачите на алтернативниот културен центар „Кула“, кој работеше од 2014 до 2016 година.

П. ПЕЧКОВ