БРИТАНИЈА Е ПРВА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА КОЈА ЌЕ ДОЗВОЛИ САМОВОЗЕЧКИ АВТОМОБИЛИ НА ПАТИШТАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Самовозечките автомобили би можеле да бидат дозволени на британските патишта до крајот на годината, објави владата, во што таа би станала прва земја во Европа.

Министерството за транспорт соопшти дека прво ќе се легализира возењето на автомобили со автоматизирани системи за одржување на правецот (АЛКС). Оваа технологија ги контролира позицијата и брзината на возилото во една лента, при што брзината ќе биде ограничена на 60 километри на час.

Владата потврди дека од возачите нема да се бара да го набљудуваат патот или да ги држат рацете на воланот додека автомобилот вози сам. Сепак, тие ќе мора да бидат будни и да бидат способни да го преземат управувањето во рок од десет секунди откако системот ќе го побара тоа од нив. Ако возачот не одговори, автомобилот автоматски ќе ги вклучи светлата за опасност за да ги предупреди возилата во близина, ќе успори и ќе застане.

„Технологијата може да ја зголеми безбедноста на патиштата и да ги намали човечките грешки. Таа би можела да спречи 47.000 сериозни несреќи и да спаси 39.000 животи во наредните десет години“, соопшти Здружението на производители и трговци на автомобили.