Дрвениот дувачки квинтет „Пилекадоне“ од Бугарија вечерва ќе одржи концерт на Охридско лето, во 20 часот во црквата „Света Софија“ .
Овој квинтет го сочинуваат флејтистката Мила Павлова, обоистот Валентин Методиев, кларинетистот Венелин Пиперов, хорнистот Јасен Теодосиев, како и Евгениј Тонев кој свири на фагот. Го формирале кога биле тинејери пред 25 години.
Секој од уметниците во овој дрвен дувачки квинтет има активна кариера како солист, а сите се членови на : Софиска филхармонија, Оркестар на Бугарското радио, Класик ФМ оркестарот.