Илјадници фанови од цел свет се собраа во Лондон да одбележат 50 години од славната фотографија на „Битлс“, на која членовите на бендот поминуваат преку пешачки премин на Еби роуд. Фотографијата беше на омотот на последниот албум на култниот бенд.

Музичарите беа фотографирани како ја минуваат улицата на 8 август 1969, а по називот на улицата го насловија и албумот.

Фотографијата на „Битлс“ е една од легендарните моменти во музичкиот свет

Шееесет и едногодишниот Џејми Гери летал повеќе од 14 часа од Чиле за да присуствува на одбележувањето,
„Мораме да им се заблагодариме што ни дадоа таква прекрасна музика“, вели тој.

Фотографијата со Џон Ленон, сер Ринго Стар, сер Пол Макартни и Џорџ Харисон е една од легендарните моменти во музичкиот свет. По излегувањето на нивниот 11.албум, пешачкиот премин стана туристичка атракција, каде редовно се запира сообраќајот за фотографија.