Вечерва од 19:30 часот, во Јавна соба во Скопје ќе биде промовиран графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“ од Лука де Сантис и Сара Колаоне.
Издавачот „Бункер“ вели дека меѓу 1938 и 1943 година околу 300 хомосексуалци биле интернирани на остров во јужна Италија. Бидејќи не постоела законска одредба со која би се оправдала ваква мерка, одлуката била спроведувана од локалните полициски управи. Ова е приказна за 75-годишниот Антонио наречен Нинела, кој како млад човек бил заточен во еден таков логор.
„Првично со законските измени беше додаден и параграф за таквите како мене, кои нацистите во Германија ги носеа во логори заедно со Евреите. Тогаш Мусолини рече: ’Нам не ни требаат такви закони, во Италија сите се мажи!’ Конечно, одлуката дали ќе нѐ пратат во притвор, но како ’политички затвореници’, беше на полициските управи“, е мал извадок од романот.
„Бункер“ вели дека првите 25 страници од романот се достапни бесплатно да се прочитаат на https://issuu.com/stripizdavacbunker/docs.