ЧИЛЕ ЌЕ СОЗДАДЕ МРЕЖА ОД НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ СО ГОЛЕМИНА НА ШВАЈЦАРИЈА

Сантијаго, (Би-Би-Си)

Чиле ќе создаде мрежа од национални паркови, благодарение на приватното земјиште што една американска двојка ѝ го подари на државата.

Ова беше реализирано, откако владата потпиша договор со Кристин Мекдивит Томпкинс, која заедно со својот покоен сопруг Даг со децении се ангажирала да се заштити областа на Патагонија.

Чилеанската претседателка Мишел Башеле го нарече договорот „досега невиден напор на презервација“.

„Томпкинс конзервејшн“, непрофитна организација основана од двојката, изјави дека заштитената област има големина на Швајцарија. Се верува дека ова е најголемата приватна донација за една држава досега.

Даг и Кристин Томпкинс се преселиле во Чиле во 1994 година и почнале да купуваат земјиште за да ја зачуваат дивината од уништување

Благодарение на овој потег, ќе се создадат пет нови национални парка и три сегашни ќе се прошират. Владата планира да ги поврзе во мрежа од национални паркови, со што туристичката маршрута ќе се прошири за повеќе од 2.400 километри.

Сопружниците Томпкинс, кои се основачи на познатиот бренд за облека „Норт фејс“, се преселиле во Чиле во 1994 година и таму купувале земјиште за да ја заштитат дивината.