ДЕ ЛУКА, ОРХАН И СЕНИДА ЌЕ НАСТАПАТ НА ЕГЗИТ ВО СТРУМИЦА НА 7 СЕПТЕМВРИ

СТРУМИЦА, (СМАРТСДК.МК)

Забавата на фестивалот Егзит во Струмица што ќе се одржува под мотото „Возбуди се“ (Get EXITed) ќе се одржи на 7 септември на Големиот парк. На забава ќе настапи една од водечките итајлијански техноѕвезди Дебора Де Лука, хитмејкерот, продуцент и диџеј Махмут Орхан, траперката Сенида и еден од најпознатите регионални диџеи со меѓународна кариера Кристијан Молнар.

Егзит, еден од најголемите и нареномирани фестивали во Европа, најави дека наскоро ќе бидат најавени уште музичари, а влезот на струмичката забава која ќе трае девет часа е слободен.
Оваа забава во Струмица го најавува покренувањето на Егзитовиот фестивал во Македонија, планиран за 2023.