ДЕНИС БОЈАРОВ ЈА ПРОМОВИРА СВОЈАТА ПРВА КНИГА „НЕКА ИГРААТ ДЕЦАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Младински културен центар во Скопје ќе биде промовирана книгата „Нека играат децата“ од Денис Бојаров.

„Нека играат децата“ е прва книга на Бојаров и претставува збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, семејството, но и со човекот воопшто.

Настанот ќе биде реализиран по соодветен протокол, со запазување на препорачаните мерки на заштита. Промотор ќе биде македонската авторка Фросина Пармаковска.