Претставата „Домот на куклата“ премиерно ќе се изведе на 28 октомври во Турскиот театар во Скопје од 20 часот. Текстот е на Лукас Хнат, во режија и драматургија на Билге Емин. Претставата се игра на сцената на Театар Комедија.
Во претставата играат Сузан Акбелге, Селпин Керим, Фунда Ибрахим и Емине Халил.
„Нора е жена со три деца кои припаѓаат на буржоаската класа. Сфаќањето на вистината за нејзиниот брак и за себе и споредувањето со кукла беше пресвртница во животот на Нора. Со цел да се индивидуализира и да живее како слободна жена, Нора го оставила својот сопруг Торвалд и нивните три деца. Поминуваат 15 години. Нора ги надминува улогите доделени од општеството, станува индивидуа и добива економска слобода. Но, поради правен проблем, таа е принудена повторно да чука на вратата што ја затворила пред 15 години. И претставата започнува“, вели Емин.
Сценографијата е на Татјана Христоска, костимите на Марија Пупучевска, а изборот на музика на Емин.
(Фото: С. Рајхл)