Сер Елтон Џон откажа два концерти во Лас Вегас заради свадбениот викенд на принцот Хари и Меган Маркл. Свадбата е закажана за 19 мај во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор.
Тој ги познава принцовите Хари и Вилијам од нивното раѓање преку пријателството со нивната мајка Дијана и не е изненадување што сака да присуствува на свадбата.
„Ќе биде убаво, бидејќи искрено го сакам“, кажа 70-годишниот Џон, кој присуствуваше и на свадбата на Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.
Тој требаше да одржи концерти во Лас Вегас на 18 и 19 мај, но тие сега се откажани.
„Поминав некое време со Хари на Сицилија минатото лето и можам да кажам дека беше целосно заљубен. Среќен сум за него и се надевам дека ќе има прекрасен ден“, кажа Џон.
Поп-легендата мисли дека Дијана ќе беше многу горда на нејзините синови.
„Луѓето ја сакаа, бидејќи ја имаше таа способност, која ја наследи Хари, да влезе во соба и да ги натера луѓето да се чувствуваат како да ја познаваат цел живот. Тоа е извонреден талент. За многумина беше контроверзна, но не и за мене. Ќе беше горда на своите момчиња, тие се одлични и јас сум многу горд на нив“, кажа Џон.