ФИНЦИТЕ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА СВЕТСКИОТ МИР СО ПИВО ВО ЧЕСТ НА СРЕДБАТА ТРАМП-ПУТИН

Хелсинки, (АФП)
Beer bottles with labels depicting Russian President Vladimir Putin (L) and US President Donald Trump and bearing the slogan "Let's Settle this like adults" by Finnish craft brewery "Rock, Paper, Scissors" are pictured in a supermarket in Helsinki, on July 11, 2018. The Finnish brewery created the beer for the upcoming Helsinki summit on July 16, 2018 where Russian President Vladimir Putin and US President Donald Trump will meet. / AFP PHOTO / Lehtikuva / Aku HARYNEN / Finland OUT

Една финска пиварница се обидува да „придонесе за светскиот мир“, создавајќи посебно пиво во чест на најавената средба на Доналд Трамп и Владимир Путин во Хелсинки, закажана за 16 јули.

Наречено „Да се договориме како возрасни“, пивото е производ на пиварницата од градот Куопио и ќе биде направено во ограничено количество од 10.000 шишиња.

„Ние во пиварницата бевме возбудени што Трамп и Путин решиле да се сретнат во нашето омилено Хелсинки. Верувајте ни, никој не знае подобро од нас како се решаваат проблеми. Знаеме дека тие треба да донесат тешки одлуки и да решат големи разлики и секогаш можат да го направат тоа како возрасни луѓе. На овој начин сакаме да им помогнеме во постигнувањето мир во светот“, изјави извршниот директор на пиварницата РПС, Самули Хухтанен.

Тие избрале пивото да биде светло, бидејќи такво најмногу се пие низ целиот свет.

„Познато е дека и Трамп и Путин не се големи пијачи на алкохол и тие не би биле наши муштерии, но пивото е универзален пијалок“, додаде Хухтанен.