„Ден на германски јазик“ е насловен културниот настан, што ќе се одржи во Градски парк во Скопје на 2 јуни, а го организира амбасадата на Германија, во соработка со Гете-институтот, Германската служба за академска размена, Здружението на професори по германски јазик, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и училиштата кои имаат специјални паралелки со поголем фонд на часови по германски јазик.
Настанот ќе го отвори германскиот амбасадор Томас Герберих во 12 часот.
Програмата ќе содржи кратки театарски претстави, песни и поезија, што ќе ги изведат ученици и студенти од партнерските училишта и универзитети. Специјални гости ќе биде германското хип хоп и реге дуо „Уве Ка“.
Свои штандови ќе имаат основните училишта „Песталоци“, „Григор Прличев“ и „Владо Тасевски“, гимназиите „Георги Димитров“, „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“, државните универзитети од Скопје, Штип и Тетово, како и германските и австриските партнери.