Повеќемина домашни и балкански музичари, актери и спортисти добија награди од естрадниот ТВ-магазин „Бекстејџ“, кој организираше забава по повод 16. роденден во Скопје. Награди добија пејачите Лара Иванова и Пајак, диџејот Александар Галоски, актерката Сара Климоска, фудбалерот Елиф Елмас, „Либеро бенд“, кантавторот Владо Јаневски и продуцентот Дарко Димитров.
Од „Бекстејџ“ велат дека се горди што освен македонските и балканските ѕвезди, имаат направено интервјуа и со 50 Сент, Џони Деп, Тиесто, Роџер Санчез, Пол ван Дајк, Роберто Кавали, Дејвид Гета, Ели Голдинг, Моника Белучи и други.
При крајот на забавата настапија Пајак и Лара со песната „Бела“, која доби награда за најслушана песна меѓу два изданија на Макфест и има 25 милиони прегледи на Јутјуб.
(Фото: Дарко Димитров доби награда за најуспешен продуцент)