Еден од најпознатите и најплодни македонски графички дизајнери Зоран Кардула отвори изложба во Тирана, која привлече бројни личности од јавниот и културниот живот, како и дипломати од Германија, Велика Британија, Франција и Јапонија.
Изложбата е организирана во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана и на неа се претставени голем број илустрации од богатата дведецениска кариера на Кардула. Изложбата ќе биде отворена неколку месеци.