ХИТОВИ ОД СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ ЌЕ СЕ ПЕАТ ПРЕД УНИВЕРЗАЛНА САЛА ЗА „БЕЛА НОЌ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва на 15 локации низ Скопје ќе се одржи 15. издание на „Бела ноќ“, со концерти, изложби, кинопроекции и театарски претстави.

Како дел од годинашната програма, на платото пред Универзална сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“, кој ќе започне во 20 часот, при што Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов-Гиш, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и „Ај Кју“ ќе ги изведуваат најголемите хитови од Скопски фестивал. Во паркот „Ибни Пајко“ концерт ќе има „Силви бенд“.

Во МНТ од 22 часот ќе има премиера на претствата „Круг“, а Националната опера и балет ќе одбележи 70 години постоење со премиера на балетот „Кармен/Валпургиска ноќ“.