ХОЛАНДИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ЗБОРУВАЊЕ НА МОБИЛЕН ДОДЕКА СЕ ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД

Амстердам, (АФП)

Зборувањето на мобилен телефон додека се вози велосипед наскоро ќе биде забрането во Холандија.

Со порастот на несреќи поради користење мобилен, Владата одлучи да ги забрани сите уреди кои се користат со раце додека се вози велосипед.

„Забрането е да се користат мобилни електронски уреди додека се управува секакво возило, вклучувајќи и велосипед“, стои во предлог-законот, кој го објави министерката за транспорт Кора ван Нивинхуизен.

Законот ќе стапи во сила во јули следната година. Казната за управување возило и користење смартфон ќе биде 230 евра.

Велосипедизмот е начин на живот во Холандија и проценките се дека има 23 милиони велосипеди на 17 милиони жители.