Италијанка Лаура Меси (40), се омажила сама за себе.
Во бела венчаница, со бел букет од рози, старосватици и свадбена торта на која стои само невестинска фигура од Лаура, таа направила свадба пред 70 нејзини пријатели и роднини.
„Јас Лаура, се земам себеси да си бидам жена“, рекла пред гостите, 40 годишната Меси и си го ставила венчалниот прстен на рака.
Лаура по пропадната врска од 12 години со нејзиниот партнер, се решила на овој необичен чекор не како чин на очај туку на провокативен начин да ја изрази љубовта кон себеси.
„Верувам во љубов, не во бајки. Свадба може да се случи и без принц на бел коњ. Сметам дека прво треба да се сакате себеси, пред да можете да сакате друга личност“, вели Лаура која е фитнес инструкторка.
По свадбата Лаура сама заминала на меден месец.