ИТАЛИЈАНСКИОТ ПИЈАНИСТ АЛЕКСАНДАР ГАЏИЕВ СО КОНЦЕРТ ВО „СВ. СОФИЈА“

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Младиот пијанист Александар Гаџиев од Италија, вечерва во 21 часот ќе има концерт во „Св. Софија“ на Охридско лето.

Гаџиев, потекнува од семејство на музичари, неговите родители се професори по пијано. Роден е во Гориција во Италија, пијано започнува да учи под менторство на неговиот татко, познат руски професор, и првиот настап со оркестар го има на деветгодишна возраст, а солистички рецитал на 10 години. Во 2013 настапува на 30.јубилеен натпревар „Премио Венеција“, на кој се натпреваруваат најдобрите млади пијанисти од Италија и го освојува првото место. Оваа победа му носи бројни рецитали низ Италија, но и во Лондон, Париз, Мадрид, Даблин.

Само две години подоцна, во 2015 година на престижниот натпревар Хамаматсу во Јапонија, жирито составено од: Марта Аргерич, Акико Еби и Сергеј Бабабјан меѓу останатите му ја доделува првата награда, а истовремено ја добива и наградата од публиката по што е редовно канет концертно да настапува во Јапонија, и на значајни фестивали.

Гаџиев студира на престижната академија „Моцартеум“ во Салцбург, а се усовршува на мајсторски курсеви на Епан Пијано Академијата и на академијата која е дел од фестивалот Вербие во Швајцарија.