ПИНГВИНИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ЌЕ СЕ ЛАДАТ СО ВЕНТИЛАТОРИ, ЗА ФЛАМИНГАТА СЕ ПРАВАТ ЕЗЕРЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во скопската Зоолошка градина почнаа да се градат живеалишта за фламинга и пингвини. Живеалиштето за фламингата ќе има затворен и отворен дел во кој ќе бидат изведени мали езерца, а просторот околу нив ќе биде зазеленет. Во отвореното  живеалиште на пингвините ќе има базени, ќе бидат поставени и вентилатори за ладење, а внатрешниот дел ќе биде целосно климатизиран.

„Фламингата ќе стигнат во Скопје од Зоолошката во Келн во октомври, а пингвините од Виена на пролет. Со тоа Скопје конечно за првпат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

А. АНТЕВСКА