ИЗБРАНИ НАЈУБАВ ДВОР ВО СКОПЈЕ И НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Град Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор и најубави состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта.

Добитник на наградата за најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување е Весна Ефтимов од населбата Хром, а за двор на институција – основното училиште „Наум Охридски“ во Црешево. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.

Најубав двор во Скопје за 2018 година (Фото: Град Скопје)

За најеколошка компанија е избрана „Грин БСН“, која за тоа освои 45.000 денари.

Во категоријата најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, добитник на наградата од 45.000 денари е Евдокија Солева за книгата „Стандардот ИСО 14001 и неговата примена“.

Најубав состав на тема екологија имаат осмоодделенката Ева Јовановска од ОУ „Григор Прличев“ и Дијана Дурлевиќ од „САБА – Средношколска академија за бизнис“. Двете ученички добиваат награда од по 10.000 денари.

За двор на институција победник е основното училиште „Наум Охридски“ во Црешево (Фото: Град Скопје)

Во категоријата најубав цртеж на тема екологија победи Максим Дамјановски, кој е трето одделение во „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе добие награда од 10.000 денари.