ИЗЛОЖБА НА СТАРИ ФОТОГРАФИИ ОД СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ВО МУЗЕЈОТ НА РСМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата „Стари балкански фотографии“ се отвори денеска во Музејот на Република Северна Македонија.

Станува збор за заеднички проект на Државниот архив на РСМ и на државната агенција Архиви од Бугарија и се состои од 206 фотографии, кои го прикажуваат секојдневниот живот во двете земји од втората половина на 19. век до 1930-ите. Архитектурата, обичаите и занаетите се меѓу темите опфатени со изложбата.

Таа ќе биде отворена до 22 јуни.