ЈАНИЌИЈЕВИЌ ГО РЕЖИРА „ДУХ“ НА ДУКОВСКИ ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Режисерот Срѓан Јаниќијевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја поставува претставата „Дух“, според текстот на Дејан Дуковски.

Ова е трета соработка на Јаниќијевиќ и на Дуковски, по претставите „Дракула“ во 2008 и „Силјан Штркот шанца“ во 2016 година.

Праизведбата на овој текст беше во 2015 година во Српско народно позориште во Нови Сад, во режија на Александар Поповски, а во 2016 година беше поставена и во Белград, во режија на Милан Нешковиќ.

„Драмата зборува за трагедијата на едно современо семејство кое ја губи куќата поради долгови и притоа нема начин како да го исплати долгот кон доверителите, на кои куќата им ја ставиле под залог“, најавуваат од МНТ.

Играат: Гораст Цветковски, Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.

Сценографијата ја работи уметникот Велимир Жерновски, а костимите се на дизајнерката и професорка Лидија Георгиевa.

Премиерата се најавува кон средината на април.