КАТАЛОНСКИТЕ ВЛАСТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО НОВИ МЕРКИ АКО МЛАДИТЕ НЕ ПРЕСТАНАТ ДА СЕ ЗАБАВУВААТ

Барселона, (Ројтерс)

Младите би требало да престанат со забавите или властите ќе бидат принудени повторно да воведат строги рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави лидерот на Каталонија, Квим Тора.

Каталонија е во центарот на новото ширење на коронавирусот во Шпанија и Тора кажа дека ситуацијата станува критична.

„Ако продолжиме со ова темпо на социјален живот, ситуацијата само ќе се влоши. Младите сѐ повеќе ѝ се враќаат на старата традиција да се собираат надвор навечер за да пијат и да се журкаат. Тоа покажува недостиг на солидарност“, вели Тора.

Каталонската влада во петокот донесе одлука за затворање на сите ноќни клубови, додека баровите и рестораните смеат да работат само до полноќ.

„Ако ситуацијата не се подобри во наредните десет дена, ќе бидеме принудени да воведеме нови рестриктивни мерки“, најави Тора.