ЌЕ СЕ ПРАВИ ПАРК ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

Скопје,(СМАРТ СДК.МК)

Празниот простор во скопската Зоолошка градина ќе прерасне во парк. На површина од 20.000 квадратни метри ќе бидат засадени дрвја и повеќе видови садници, ќе бидат поставени клупи и летниковци.

„Во соработка со Град Скопје и ЈП ‘Паркови и зеленило‘ решивме овој простор кој сега е неискористен и празен, да го претвориме во зелена површина, со што ќе допринесеме кон зазеленување на градот и чист воздух“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Уредувањето на просторот ќе почне во рамките на пролетната акција за зазеленување на градот. Од Зоолошката градина ги повикуваат сите општествено одговорни компании да се вклучат во акцијата и да донираат садници.