На 9 април од 19:30 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе има претставување и разговор со писателката и сценаристка од Хрватска Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Ќе биде претставен нејзиниот роман „Пци“, со кој беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“. „Пци“ ја раскажува приказната за млада жена која откако ќе се запише на славната филмска академија во Прага се надева дека од животот ќе го добие сето она што го сака – знаење, слобода, секс, работа, успех, љубов и пари.
Освен за романот „Пци“, Шустиќ ќе зборува и за својата работа како сценаристка и режисерка, како и за другите прозни, поетски и есеистички дела.
Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Шустиќ во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Фото: Јутарњи лист