Режисерот Синиша Евтимов во Турски театар ја постави претставата „Кројач за дами“ според Жорж Фејдо, а премиерата е закажана за 15 декември во 19:30 часот.
Играат: Бураханедин Ибрахим, Жале Османи, Селпин Керим, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ и Сузан Акбелге. Сценографијата и костимите се на Александар Ношпал.
Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.