„ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“ СО МАРИЈА КИЧЕВСКА ВЕЧЕРВА ВО МОБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најубавите балети во класичната уметност, „Лебедово езеро“ од Чајковски, ќе се изведе вечерва од 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ), во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.

Првенците-солисти Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили ќе ги играат улогите на Одета/Одилија и на принцот Зигфрид, а Ротбарт е Давид Буфоне од Италија. Со Оркестарот ќе диригира Бисера Чадловска.

Сценографијата и костимите се на Украинците Андреј Злобин и Гана Ипатиева. Од МОБ велат дека пробите за „Лебедово езеро“ ги држела Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска.